Бускетс си оди од Барселона, утре официјално ќе објави дека заминува

Серхио Бускетс ги информирал тимските колеги од Барселона дека си заминува од клубот по завршување на сезонава, а веројатно утре и официјално за јавноста ќе ја потврди веста дека си оди од Барса.

Се шпекулира дека Бускетс, кариерата ќе ја продолжи во Ал Хилал во Саудиска Арабија, клубот кој сака во своите редови да го донесе и Лионел Меси.

Бускетс целата професионална кариера ја мина во Барса (само Меси и Чави имаат одиграно повеќе мечеви за Барселона од него), 15 сезони е во првиот тим на каталонскиот клуб, но после една и пол деценија, реши да ја смени средината. Тој во дресот на Барса трипати ја освои Лигата на шампионите, а сезонава како капитен ќе го крене шампионскиот пехар за титулата во шпанската Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести