Директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо, е презадоволен од резултатите што неговиот тим ги имаше во 2024 година. Кралскиот клуб убедливо е најуспешниот клуб во годината која заминува и тоа во светски рамки.
„Ова беше магична година за нас бидејќи освоивме пет титули. Работите одлично се поставени, сè функционира како што треба. Тренерот Карло Анчелоти одлично ја води екипата. Има силна конкуренција во тимот на секоја позиција, но Анчелоти е мудар човек и знае да го извлече најдоброто. Во нашата ДНК е да победуваме и да испишуваме историја“, задоволно сумираше Бутрагењо.
Реал Мадрид во 2024 година го освои првенството на Шпанија, Суперкупот на Шпанија, Лигата на шампионите, Интерконтинентален куп и Суперкупот на УЕФА.