Чаби Алонсо демантираше дека има договор со Ливерпул од следната сезона

Агентот на Чаби Алонсо, Ињаки Ибанес, ги отфрли шпекулациите што се појавија претходно оваа недела дека шпанскиот стратег има устмен договор со Ливерпул. Според информациите на „ОК Диарио“, Алонсо би требало да потпише тригодишен договор со „црвените“ летово, доколку актуелниот менаџер Арне Слот не ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.


Ибанес, сепак, тоа го оцени како медиумска шпекулација и потенцираше дека Алонсо сè уште ги разгледува сите понуди што ги има добиено.

„Алонсо ги разгледува сите понуди што ги има добиено за да ја одлучи следната дестинација за новата сезона. Сите приказни за договор со Ливерпул се само медиумски шпекулации“, изјави Ињаки Ибанес.

Чаби Алонсо е без ангажман од јануари, кога беше отпуштен од Реал Мадрид. Оттогаш неговото име најчесто се поврзува со Ливерпул, но и со Манчестер сити, во случај Пеп Гвардиола да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести