23.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Чаби Алонсо дециден: Во Реал Мадрид ќе играат оние кои најмногу заслужуваат

Реал Мадрид одлично започна во новата сезона победувајќи во сите три меча од првенството на Шпанија и моментално е на првото место на табелата. Кралевите ги победуваа Мајорка, Овиедо и Осасуна, а сега им следува тешко гостување кај Реал Сосиедад.

Овој дуел ќе биде посебен за тренерот на Реал, Чаби Алонсо затоа што тој е „дете“ на баскискиот тим, а во 2019 година таму ја започна тренерската кариера. Од младинскиот тим на Сосиедад, тренерската кариера ја продолжи во Баер Леверкузен, клуб со кој ја освои титулата во Бундеслигата во Германија.

Сега, Алонсо има предизвик да го врати Реал Мадрид на тронот во Шпанија.

„Најважно е што сите се здрави и подготвени. Имаме голем број на играчи и сакаме да победуваме. За нас секој меч е многу важен, сите бодови се важни. Ова е долго првенство и затоа мора да влеземе со респект на секој дуел. За среќа имаме здрава конкуренција за секоја позиција на теренот. Затоа, ќе игра оној кој најмногу ќе заспужува“, рече Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести