-7.2 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид, познато името на новиот тренер

Чаби Алонсо повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди клубот на својата официјална веб-страница. Алонсо и Реал постигнаа меѓусебен договор за раскинување на договорот само еден ден откако мадридскиот тим загуби со 3-2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Алваро Арбелоа ќе биде новиот тренер.

„Чаби Алонсо секогаш ќе ја има наклонетоста и восхитот на сите навивачи во Мадрид бидејќи е легенда на Реал и отсекогаш ги претставувал вредностите на нашиот клуб. Реал Мадрид секогаш ќе биде негов дом. Нашиот клуб им се заблагодарува на Чаби Алонсо и на целиот негов технички тим за нивната работа и посветеност во овој период и им посакува се најдобро во оваа нова фаза од нивните животи“, се вели во соопштението.

- Оглас -

Најнови вести