Реал Мадрид со 2:1 славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад со 2:1 во меч на кој Кралевите повеќе од еден час играа со фудбалер помалку. Во 32 минута директен црвен картон доби Дин Хујсен, но и со играч помалку Реал даде гол за водство од 2:0, а потоа и стигна до триумф.
Тренерот на Реал, Чаби Алонсо е лут на судијата и е убеден дека престрого бил покажан црвен картон.
„За мене тоа беше жолт картон, Мили беше блиску и топката не беше под контрола. Гледајќи ја снимката, не се предомислив. Го прашав судијата да ми го даде своето објаснување и не бев убеден. И ќе го оставам тоа така. Ритамот на натпреварот се промени, игравме со 10 играчи над 60 минути. Имавме шанси и го постигнавме вториот гол, за да си дадеме предност. Играчите беа пожртвувани во текот на целиот меч и за тој нивни напор, беа наградени со победа“, рече Алонсо по средбата.