6.8 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Чаби Алонсо е презадоволен што играчи од академијата на Реал постигнаа пет гола на еден меч

Реал Мадрид на најдобар можен начин ја започна Новата година, со победа од 5:1 на „Сантијаго Бернабеу“ против Севилја. Тренерот на Кралскиот клуб, Чаби Алонсо беше презадоволен од перформансот на својот тим.

„Среќен сум како ја започнавме годината. Заслужена и висока победа. Многу беше важно годината да се започне со триумф“, рече Алонсо.

Ѕвезда на вечерта беше Гонзало Гарсија кој постигна хет-трик. Тој е фудбалер од младинската школа на Реал со што мадриѓани уште еднаш покажаа дека и тие имаат квалитетни фудбалери во својот младински погон.

Интересно е дека и останатите два погодоци беа постигнати од играчи кои потекнале од Академијата на Реал, а тоа се Фран Гарсија и Раул Асенсио.

„Честитки за Гонзало за неговата игра. Се надевам дека ќе продолжи и понатаму во ист ритам. Тој е одличен пример за тоа како треба да се развиваат играчите од академијата на Реал Мадрид. Ова е како меч од соништата за Гарсија. Во првата сезона како дел од првиот тим на Реал постигна хет-трик на „Сантијаго Бернабеу“. Убаво е кога пет погодоци на еден меч ќе дадат играчи кои потекнуваат од нашата академија“, задоволно коментираше Алонсо.

По 19 кола, Реал Мадрид има 45 бодови и е на второто место на табелата со четири бодови помалку од лидерот Барселона.

- Оглас -

Најнови вести