Ливерпул изминатото лето беше екипата која потроши многу пари за нови фудбалери, но уште од сега е јасно дека Црвените нема да ја одбранат титулата во Премиер лигата.
Лошите резултати сериозно го разнишаа столчето на Арне Слот, па сè погласни се шпекулациите дека нов тренер на Ливерпул ќе биде Чаби Алонсо.
Шпанецот неодамна доби отказ во Реал Мадрид, а според медиумите на Островот, раководството на Црвените веќе остварило контакт со Чаби Алонсо, кој прифатил да биде тренер на Ливерпул, но има еден услов.
Чаби Алонсо побарал четворица фудбалери за кои Црвените ќе мора да потрошат најмалку 400 милиони евра. Се работи за Мики ван де Вен, Адам Вартон, Бредли Баркола и Мајкл Олисе. Тоа би значело освежување на сите редови на теренот, па на тој начин, според Шпанецот, Ливерпул би се вратил на шампионските патеки.

