19.8 C
Skopje
четврток, 18 септември 2025

Чаби Алонсо ќе го донесе Жоел Матип во Баер Леверкузен

Германскиот првак Баер Леверкузен има сериозен интерес за ангажирање на дефанзивецот Жоел Матип, тврди „Скај Германија“. Триесет и двегодишниот фудбалер е слободен агент откако неговиот договор со Ливерпул истече ова лето.

„Аспирините“ веќе започнале разговори со Камерунецот.

Тренерот на германскиот шампион, Чаби Алонсо, сака да ја засили одбраната со искусен централен дефанзивец, а Матип е еден од главните кандидати.

Жоел Матип играше во Ливерпул во последните осум години. Тој има искуство и во Бундеслигата, каде што во минатото беше член на Шалке 04.

- Оглас -

Најнови вести