25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Чаби Алонсо го откачи Лукас Васкес од Реал, но „му договори“ каде да игра во новата сезона

Лукас Васкес речиси целата досегашна кариера ја помина во Реал Мадрид. Од младинските категории преку тимот Б, потоа дебито во 2015 година, па è до настапот на Светското клупско првенство кое летово се играше во САД.

„Љубовта“ меѓу Реал и Васкес ја прекина новиот тренер на Кралскиот клуб, Чаби Алонсо, кој реши дека е време да се даде шанса на помладите фудбалери, а едноставно 34-годишниот Васкес веќе не е потребен и мора да си замине од екипата.

Васкес имаше многу понуди за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Тој беше категоричен дека во Шпанија нема да игра ниту за еден друг клуб, па затоа јасно беше дека ќе замине во странство.

Од многуте понуди од САД и Саудиска Арабија, тој сепак реши да остане во Европа и да ја прифати понудата на Бер Леверкузен. Интересно е дека Баер Леверкузен е клубот каде што до пред неколку месеци тренер беше токму Чаби Алонсо.

Договорот на Васкес со Фармацевтите е на една сезона, со можност за продолжување на уште една година.

- Оглас -

Најнови вести