Чаби Алонсо го презема Реал, а доаѓаат и неколку нови ѕвезди?

Чаби Алонсо е сѐ поблиску до тоа да биде нов тренер на Реал Мадрид од следната сезона, а веќе се појави и можниот состав на Кралевите, и тоа без неколку големи ѕвезди.

Штом Реал Мадрид врзе неколку слаби резултати, останувањето на Карло Анчелоти веднаш се доведува во прашање. Таков е случајот и овие денови по поразите од Валенсија во Ла Лига и Арсенал во Лигата на шампионите.

Според информациите, Флорентино Перес одлучил Чаби Алонсо да биде новиот тренер, што многу веројатно ќе се случи доколку Анчелоти не освои ниту еден трофеј до крајот на сезоната.

Паралелно со ангажманот на Алонсо, Реал Мадрид се поврзува и со бројни засилувања за летниот преоден рок.

Најмногу се зборува за трансферот на Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, кој наводно е веќе договорен, а се очекуваат засилувања и на други позиции, особено во средниот ред. Се шпекулира и за доаѓање на Енцо Фернандес од Челзи, додека одбраната би ја засилил младиот Дин Хујсен, кој експлодираше во Премиер лигата.

Некои прогнози велат дека Алонсо би можел да ја користи формацијата 3-4-3 – нешто сосема ново за Реал.

На пример, Џуд Белингам би играл како десно крило во нападот, додека од тимот би отсуствувале големи имиња кои сè уште имаат што да понудат, како Дани Карвахал и Родриго.

Сè упатува и на тоа дека ветеранот Лука Модриќ нема да биде дел од плановите, бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а и Лукас Васкес би можел да си замине.

Извесен е и заминувањето на Давид Алаба, кој никако не успеа да ги надмине сериозните физички проблеми.

Можниот стартен состав на Реал за следната сезона би изгледал вака: Куртоа – Асенсио, Рудигер, Хујсен – Гарсија, Фернандес, Валверде, Александер-Арнолд – Винисиус, Мбапе, Белингам.

- Оглас -

Најнови вести