Реал Мадрид има само една победа во последните пет кола во шпанското првенство, поради што се вклучи „црвениот аларм“ кај Кралскиот клуб. Поради серијата лоши резултати, тренерот Чаби Алонсо се најде на мета на критики, па дури се погласни се шпекулациите дека тој ќе биде отпуштен ако Реал повторно разочара во следниот меч, а тоа е против Алавес на гости.
Дури 11 повредени фудбалери има Реал пред гостувањето кај Алавес, но Алонсо е оптимист дека неговиот тим може да ги освои трите бода.
„Ова ќе биде многу важен меч за нас. И покрај сите отсутни фудбалери, имаме доволно сили за да победиме. Мора да останеме сплотени и во добро и во лошо. “, вели Алонсо, кој додаде дека уште не се знае дали Килијан Мбапе ќе биде подготвен за настап и тоа ќе биде решено непосредно пред средбата.

