Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, беше задоволен по победата од 0-3 над Овиедо. Тој ги пофали своите играчи за пожртвуваноста и за тимската игра што ја покажаа на теренот.
„Овиедо играше многу повлечено. Во второто полувреме и ние се повлековме назад затоа што противникот се обиде да нè притисне. Одзедовме неколку важни топки во одбраната и успеавме да организираме контранапади. Но, ова беше многу сериозен натпревар. Дејствувавме добро и со и без топка. Игравме како тим. Винисиус влезе и помогна при последните два гола, што ни донесе мирна завршница. Ќе има натпревари за сите“, изјави Чаби Алонсо.
„Промените од натпревар до натпревар зависат од тоа што ни е потребно на теренот и од противникот што е пред нас. Сè уште немам донесено одлука за следниот месец. Потребно е секој во тимот да се чувствува важен и да биде подготвен за следниот натпревар. Мора да ја задржиме стабилната игра во нашите настапи како екипа. Во секој натпревар ќе растеме. По мечот со Осасуна, сега се виде дека има напредок и треба да продолжиме во тој дух“, додаде стратегот на Реал Мадрид.
Тој има намера да ги користи сите фудбалери во текот на сезоната.
„Имам над 20-мина играчи во составот и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од сите нив. Винисиус сега имаше важна улога, а мојата желба е секој да придонесува. Тоа ќе биде темата на оваа сезона“, заврши Чаби Алонсо.