Чаби Алонсо има „дил“ со Ливерпул?

Шпанскиот стратег Чаби Алонсо, според пишувањата на мадридскиот „ОК Диарио“, наводно постигнал устен договор со Ливерпул.

Арне Слот беше под голем притисок на клупата на Ливерпул во ноември и декември, а откако стана познато дека Чаби Алонсо е слободен по заминувањето од Реал Мадрид, се наметна можноста за враќање на Шпанецот на „Енфилд“.

Причините за намалување на шпекулациите беа тоа што Холанѓанецот успеа да ја смири ситуацијата и да постигне некои резултати, иако тие не ги исполнуваат целите на клубот во Премиер лигата, каде што моментно тимот се наоѓа на шестото место. Во ФА купот Ливерпул обезбеди четвртфинале, а директно се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе играат двомеч против Галатасарај.

Токму Лигата на шампионите ќе ја одреди иднината на Арне Слот. Во разговорите со Чаби Алонсо, од Ливерпул му побарале да почека до крајот на сезоната за да се оценат комплетно постигнатите резултати.
Според информациите, Арне Слот ќе остане на клупата само доколку ја освои Лигата на шампионите. Во спротивно, Чаби Алонсо би потпишал тригодишен договор со клубот.

Сепак, мисијата ќе биде тешка бидејќи во случај Ливерпул да ја помине екипата на Галатасарај, следен противник би биле ПСЖ или Челзи, а во истиот дел од жрепката се и Манчестер сити и Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести