Чаби Алонсо: Имам интелигентни играчи

Фудбалерите на Баер Леверкузен продолжуваат со одличните игри и имаат одлична шанса сезоната да ја завршат без пораз, а синоќа направија голем исчекор кој пласманот во финалето во Лигата на Европа.

Новиот германски шампион со 2:0 славеше на „Олимпико“ во Рим во првиот полуфинален дуел против Рома и ја продолжи серијата од 47 натпревари без пораз.

„Одигравме сериозен натпревар, имавме професионален пристап. Не беше спектакуларно, но направивме сè во вистински момент. Моите играчи имаат фантастична посветеност, направивме сè што се договоривме и дојдовме до одличен резултат. Имам играчи кои се доволно интелигентни да знаат што треба да прават во зависност од нивните улоги, но и од изборот од тимот“, изјави Чаби Алонсо.
Реванш натпреварот ќе се игра за шест дена во Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести