9.8 C
Skopje
вторник, 28 октомври 2025

Чаби Алонсо искрено за Јамал: „Не, тоа не е точно!“

Во шпанските медиуми сè уште главна тема е Ел Класико и победата на Реал Мадрид над Барселона со 2-1. Секако, и лошата игра на Ламин Јамал, но и неговите коментари пред мечот, поради кои добиваше свирежи на „Сантијаго Бернабеу“ при секој допир со топката.

Прашање поврзано со Ламин Јамал доби и Чаби Алонсо, тренерот на Реал Мадрид, кој даде искрен одговор дали имале подготвено специјална тактика за да го сопрат.

„Ламин Јамал имал лоша претстава затоа што сме имале анти-Јамал план? Не, тоа не е точно. Немавме никаков план за него. Екипата во одбрана одигра фантастично не само против Јамал, туку и против останатите фудбалери на Барселона“, рече Чаби Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести