12.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Чаби Алонсо испишува историја, само трет тренер со ваков старт во Реал Мадрид

Реал Мадрид со 2:0 го победи Еспањол во меч од петото коло на шпанското првенство. По еден гол во двете полувремиња постигна Кралскиот клуб и двата беа спектакуларни со шутеви од далечина. 

По овој триумф, Реал е со максимален учинок и е лидер на табелата со 15 бодови. Низ повеќе од едновековната традиција на Реал Мадрид, тренерот Чаби Алонсо е само третиот кој успеал да победи на првите пет меча откако е назначен за предводник од клупата.

Претходно го им успевало на Жозе Киранте во далечната 1928/29 сезона, како и на Вандерли Лукшембурго во сезоната 2004/05. Низ историјата на шпанското првенство, пред Алонсо ваков скор имале само 10 тренери од сите екипи кои биле дел од Примера дивисион.

- Оглас -

Најнови вести