Чаби Алонсо ја одбил понудата да го води Марсеј

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, одбил понуда да го води Марсеј, тврди „РМЦ Спорт“.

Според изворот, 44-годишниот стручњак не бил задоволен од понудата на Марсеј и нестабилната ситуација во францускиот клуб.

Пред околу една недела, Марсеј се раздели со Роберто де Ѕерби, кој си поднесе оставка по тешкиот пораз од ПСЖ од 0-5.

Алонсо остана без работа на 12 јануари, откако му беше раскинат договорот со Реал по меѓусебна согласност.

- Оглас -

Најнови вести