21.8 C
Skopje
сабота, 9 август 2025

Чаби Алонсо ќе биде луд ако ја одбие понудата на Ливерпул

Актуелниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, од ден во ден е сè поблиску до клупата на Ливерпул. Актуелниот менаџер на Црвените, Јирген Клоп, потврди дека на крајот од сезоната ќе го напушти „Енфилд“, а новинарот на „Атлетик“, Рафаел Хонигштајн, тврди дека најголеми шанси од следната сезона да го предводи Ливерпул има токму Алонсо кој прави чуда со Баер Леверкузен.

Новинарот нема дилеми дека актуелниот лидер во Бундеслигата нема да му прави проблеми на Алонсо кој има специјална клаузула во договорот со која може да си замине доколку го повикаат клубовите во кои настапувал како играч, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

„Во Леверкузен се реални и разбираат дека ако му се укаже ваква можност, не можат да го запрат Чаби Алонсо да си замине. Мислам дека имаат искрен однос и лично верувам дека управата нема да му прави проблеми кога ќе пристигне понуда од Ливерпул. Исто така мислам дека Чаби Алонсо ќе биде луд ако одбие налето да го презеде Ливерпул бидејќи таква шанса се укажува еднаш во животот“, изјави Хонигшајн.

- Оглас -

Најнови вести