4.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Чаби Алонсо ќе чека повик од „Енфилд“

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, нема да брза со преземање на друг клуб и ќе чека понуда од англискиот премиерлигаш Ливерпул. Од Англија има најави дека Арне Слот би можел да добие отказ на крајот од сезоната, со оглед дека веќе евидентно нема да може да ја одбрани шампионската титула.


Трката за трофејот во Премиер лигата ќе се води меѓу Арсенал и Манчестер сити, а третиот клуб кој може да се замеша е Астон вила.

Чаби Алонсо пред неколку дена одби понуда да го преземе францускиот гигант Олимпик Марсеј. Според информациите, 44-годишниот стратег ја навел „хаотичната ситуација“ во клубот како главна причина за одбивањето.

Алонсо, кој беше отпуштен од „Бернабеу“ на почетокот на јануари по бурен седуммесечен престој, сега бара проект со поголема структурна стабилност. Во меѓувреме, шпекулациите го поврзуваат со потенцијално враќање во Ливерпул, каде што расте притисокот врз Арне Слот поради незадоволителните резултати на Црвените оваа сезона во Премиер лигата.

За Чаби Алонсо, чиј успешен престој во Баер Леверкузен беше изграден врз јасна структура, најважно е да добие проект кој ќе биде стабилен и ќе му даде доволно време да ги наметне и да ги спроведе своите идеи.

- Оглас -

Најнови вести