4.8 C
Skopje
вторник, 2 декември 2025

Чаби Алонсо ќе прави чистка: Реал Мадрид зимава ќе продаде најмалку тројца фудбалери

Реал Мадрид има три нерешени средби по ред во Ла Лига, а со тоа го загубија и лидерското место на табелата, па сега Барселона има бод повеќе од нив. Чаби Алонсо не е задоволен од неколку фудбалери, а јасно е дека најмалку тројца ќе бидат продадени уште зимава.

Прв на списокот е Родриго, кој и минатото лето беше на излезна врата, но Реал Мадрид за него бараше 100 милиони евра, кои никој не ги плати, а сега вредноста му падна на 80 милиони евра, а Кралевите доколку сакаат да се ослободат од него, ќе мора да го продадат за уште пониска сума.

Бразилецот оваа сезона настапи на 15 натпревари, на тревникот мина 434 минути, но не успеа да се запише во листата со стрелците, а асистираше само двапати.

Останатите двајца кои со сигурност ќе бидат продадени зимава се Дани Себаљос и Фран Гарсија, кои немаат голема минутажа кај Чаби Алонсо. Себаљос собра 493 минути, а Фран Гарсија играше уште помалку – само 356 минути.

- Оглас -

Најнови вести