Трансферот на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен во Ливерпул чинеше околу 150 милиони евра, ако се сметаат и дополнителните бонуси. Сепак, навивачите на Црвените не се воодушевени од игрите на Германецот, кој делува споро и неодлучно, а ефектот во 11-те настапи за Ливерпул му е само една асистенција.
Сега повторно се појавуваат шпекулациите дека тој може да се пресели во Реал Мадрид, а клучна улога во тоа може да одигра Чаби Алонсо, кој му беше тренер во Баер Леверкузен од 2022 до 2025 година.
Шпанскиот стратег сакаше да го ангажира во Кралскиот клуб уште при неговата преселба, но раководството на Реал Мадрид во тој момент имаше други приоритети за средниот ред, па Вирц потпиша за Ливерпул.
Кралевите налето ќе се обид да дојдат до потписот на Вирц, но Ливерпул сигурно нема да се откаже лесно од фудбалерот за кого платија 150 милиони евра.