Додека во Марсеј се огорчени од поразот и сметаат дека загубиле од непостоечки пенал, во Реал Мадрид владее задоволство од победничкиот старт на новата сезона. Кралевите со 2-1 славеа над францускиот претставник, и тоа благодарение на двата гола на Килијан Мбапе од пенал, кои беа доволни за пресврт по водството на гостите.
„Ова беше типичен натпревар од Лигата на шампионите во кој сè може да се случи. Првиот половина час беше фантастични, но не успеавме да постигнеме гол. Мојот тим ја задржа основната линија на однесување и по применетиот гол. Второто полувреме не беше толку добро. Но, и со играч помалку на теренот, сакавме да продолжиме да ја бараме победата, да доминираме. Ова беше многу важна победа на почетокот од Лигата на шампионите. Ние напредуваме, стануваме подобри како тим. Играчите почнуваат да ги гледаат нашите идеи. Навистина бев задоволен од првото полувреме. Ни недостига малку постојаност, но беше тежок натпревар против добар противник. Мислам дека сме на вистинскиот пат. По три или четири месеци ќе биде уште подобро“, рече тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.