Се чини дека подготвува нов трансфер од Ливерпул во Реал Мадрид, но овојпат тоа нема да е бесплатен. По трансферот на Трент Александер-Арнолд како слободен агент на „Сантијаго Бернабеу“, односите помеѓу двата клуба се заладија, а Кралевите им исплатија на Црвените 10 милиони евра само за да го имаат Англичанецот за настапот на Светското клупско првенство.
Сега Чаби Алонсо планира да доведе нов фудбалер на Ливерпул во Мадрид. Се работи за Рајан Гравенберх, за кого Кралевите“ж се подготвени да платат дури 75 милиони евра.
Дваесет и тригодишниот холандски интернационалец пристигна во Ливерпул пред две години за 40 милиони евра, а има активен договор до 2028 година. Моменталната сума се проценува дека изнесува 75 милиони евра.