Чаби Алонсо дебитираше на тренерската клупа на Реал Мадрид, и тоа со реми против Ал-Хилал (1:1) во меч од Светското клупско првенство. Веднаш по мечот, шпанскиот стратег рече дека е делумно задоволен од тоа што го покажале неговите избраници на теренот. Стратегот на Реал потенцираше дека мора да се поправат повеќе делови од играта, посебно разочаран беше од прикажаното во првото полувреме.
„Штета што не победивме. Бевме подобри посебно во второто полувреме. Не ми се допадна како игравме во првиот дел, но тоа е, ни помогна да продолжиме да инсистираме на тоа што треба да подобриме. Потоа имавме рамнотежа, ги притиснавме повеќе. Останува фактот дека во второто полувреме бевме подобри и ќе продолжиме да ја градиме играта на тој начин. Во првото полувреме многу брзавме и ја губевме топката. Сакавме брзо да ги завршуваме нападите. Не сум разочаран. Знаев дека ќе ни биде потребно време да ги коригираме работите. Имавме само три тренинзи, тоа не е доволно да се направат промени“, вели Алонсо, кој неодамна седна на клупата на Реал Мадрид, на местото на Карло Анчелоти, кој замина да биде селектор на Бразил.