12.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Чаби Алонсо: Не сме во криза

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, сè уште не е премногу загрижен и покрај двата последовни неуспеси на неговиот тим. Кралскиот клуб најпрво загуби од Ливерпул во Лигата на шампионите, а потоа одигра бледо реми (0-0) против Рајо Ваљекано во Ла Лига. Сепак, стратегот не брза да крева тревога, бидејќи сезоната е сè уште во рана фаза.

„Дали е криза? Знаеме каде се наоѓаме“, изјави Алонсо на прес-конференцијата по натпреварот. „Верувам дека и во добри, и во лоши моменти мора да знаеме како да го задржиме балансот.“

„По мечот на ‘Енфилд’, сакавме да одиграме подобро. Секогаш е тешко да го наметнеме нашиот стил на ‘Вајекас’, а во второто полувреме можеше да се случи сè. Не го припишувам тоа на емоционални падови или подеми, ние сме многу доследни во нашата подготовка и менталитет. Во Ла Лига се игра натпревар по натпревар, а во неделата не успеавме да победиме“, додаде Алонсо.

И покрај разочарувачкиот резултат, Алонсо е свесен дека сезоната не може да се добие или загуби поради едно реми во ноември.

„Она што ме загрижува е желбата да продолжиме да растеме, да се подобруваме. Да правиме позитивна и конструктивна самокритика. Сите знаеме каде сме и што сакаме. Ноември е, има уште долг пат пред нас и мора да ги одржуваме високите стандарди“, заврши Шпанецот.

- Оглас -

Најнови вести