-3.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Чаби Алонсо нема долго да тагува, три европски великани го сакаат на нивната клупа

Чаби Алонсо го презеде Реал Мадрид пред крајот на мај минатата година, односно пред почетокот на Светското клупско првенство, но на клупата на „кралевите“ се задржа само околу седум месеци, а му пресуди поразот од Барселона во финалето од шпанскиот Супер куп.

Шпанецот по одличните резултати со Баер Леверкузен, имаше понуди од неколку европски великани, но неговата одлука беше да го чека Реал Мадрид.

Сега кога се раздели со „кралевите“, повторно се отвораат неколку опции за Чаби Алонсо, а според шпанските медиуми, интерес за него има од Ливерпул, Баерн Минхен и Манчестер сити. Иако е тешко замисливо во моментов некоја од овие три екипи да се раздели со тренерите, сепак, трите екипи си имаат свои математики и комбинации.

 

- Оглас -

Најнови вести