Баер Леверкузен игра историска сезона во која сеуште нема ниту еден пораз, а одигра 49 натпревари. Со овој биланс од 49 меча без пораз, Баер го надмина речиси 60 години стариот рекорд на Бенфика која имаше 48 средби без пораз.
Со вакви резултати очекувано е Баер да реди трофеи во клупските витрини. Тимот стигна до историската прва титула во Бундеслигата, а до крајот на сезоната може да освои уште два пехари. Фармацевтите ќе играат во финале на Лигата на Европа против Аталанта, а ќе бидат дел и од финалето на германскиот Куп, каде противник ќе им биде Келн.
Тренерот Чаби Алонсо кој е творецот на оваа непобеднила екипа, верува дека на крајот од сезоната Баер Леверкузен ќе слави тројна круна, што значи дека очекува победи во двете финалиња.
„Во рок од само една недела ќе играме две финалиња. Покажавме дека оваа екипа има одличен карактер. Ги погледнав моите играчи во очи и видов дека сакаат повеќе. Имаме шанси да освоиме три титули сезонава, а јас верувам дека заслужуваме на крајот да се радуваме на тројна круна“, вели Алонсо.
Баер Леверкузен денеска гостува на Бохум во домашното првенство и ќе се обиде да ја продолжи низата без пораз и да дојде до јубилејниот 50 меч сезонава на кој нема да загуби.