Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, на четврти август закажал состанок со петмина фудбалери и со раководството на клубот. На тој состанок ќе им биде соопштено дека повеќе нема да смета на нивните услуги и тиа ќе бидат ставени на трансфер-листата.
Според информациите на „Ас“, се работи за Родриго, Ферлан Менди, Давид Алаба, Дани Себаљос и Ендрик.
Најкомплицирана е ситуацијата со Алаба, кој има плата од 22,5 милиони евра и не сака ниту да слушне да си замине од Реал Мадрид, а поради повредите речиси и воопшто не играше за Кралевите.
За разлика од него, најблиску до заминување од „Сантијаго Бернабеу“ е Родриго, за кого има голем интерес и неколку екипи кои се подготвени да платат 100 милиони евра за да го ангажираат. Расположение за разделба има и кај самиот фудбалер.