Чаби Алонсо оптимистички пред Вест хем: „Прославата на титулата нема да нѐ спречи да одиме во полуфинале“

Екипата на Баер Леверкузен минатиот викенд и официјално ја освои титулата во Бундеслигата, а сега погледите се насочени кон реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа. Фармацевтите имаат предност од 2-0 од првиот натпревар против Вест хем, а тренерот Чаби Алонсо е оптимист дека ќе минат во полуфиналето.

„Испивме по неколку пијачки, но не претеравме, имавме контрола. Тоа беше момент за уживање. Во неделата славевме титула, имавме еден ден за уживање, а од вторникот сме насочени кон мечот со Вест хем. Сега нѐ чека Лигата на Европа и можеме да ја направиме сезоната уште поубава“, вели Чаби Алонсо.

Шпанецот вели дека се подготвени за новиот предизвик, но најавува дека нема да биде лесно против Вест хем.

„Начинот на којшто трениравме ми дава надеж дека со Вест хем ќе одиграме добро. Тие имаат добри играчи, неодамна го победија Фрајбург. Мислам дека нашиот пристап нема да биде ништо поразличен од оној со којшто стигнавме до ова четвртфинале“, додава тренерот на Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести