Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфс, е категоричен дека тренерот Чаби Алонсо ќе остане со нив и следната сезона.
Алонсо е поврзуван со преселба во Реал Мадрид, но Ролфс останува самоуверен.
„Тој останува. Тој ми кажа дека нема ништо друго. Има договор со нас“, изјави спортскиот директор по вчерашната победа над Бохум.
Алонсо, кој е во Баер Леверкузен од октомври 2022 година, има договор до јуни 2026 година.