3.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Чаби Алонсо пикирал тројца фудбалери на листата на можни засилувања

Реал Мадрид во Новата година ќе влезе со четири бода помалку во однос на Барселона кога се работи за трката за титулата во шпанското првенство. По 18 одиграни меча, Реал Мадрид има 42 бода, додека лидерот Барселона е со 46 бода.

Тренерот на Кралевите, Чаби Алонсо, кој на чело на екипата дојде пред почетокот на сезоната, уште е во потрага по вистинскиот тим кој треба да донесе трофеи во клупските витрини. Според најавите, Алонсо веќе се фокусирал на доведување на тројца нови фудбалери кои треба да бидат засилување за гигантот од „Сантијаго Бернабеу“.

На врвот на листата од желби е Ибрахим Конате, кој има активен договор со Ливерпул до крајот на сезоната. Тоа значи дека Конате веќе од 1 јануари ќе може активно да преговара и со други клубови.

Во средниот ред како опција е доведување на Анџело Стилер, а на листата се споменува и Флоријан Вирц. Алонсо и Вирц имаа одлична соработка во тимот на Баер Леверкузен и верува дека доколку тој дојде во Реал, германскиот репрезенаттивец повторно ќе може да блесне и да биде во голгетерски ритам.

- Оглас -

Најнови вести