Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази разочарување од играта на својот тим по победата од 4-3 против Волфсбург. Иако е задоволен од трите освоени бода, тој истакна дека тимот не одиграл добро, особено во првото полувреме.
Алонсо нагласи дека тимот ќе мора да ја анализира играта во детали за да се подобри бидејќи ги очекуваат многу важни натпревари во продолжение од сезоната.
„Задоволен сум од трите бода, но не и од нашата игра, особено во првото полувреме. По паузата се претставивме подобро, но тоа не е доволно. Мора детално да ја анализираме играта за да ја подобриме бидејќи ни претстојат два многу важни натпревари“, изјави Чаби Алонсо.