Реал Мадрид ја забележа првата победа под водство на Чаби Алонсо откако со 3-1 славеше над Пачука на Светското клупско првенство, но Кралевите беа во голем хендикеп со исклучувањето на Раул Алонсо уште во седмата минута. Токму кон оваа случка беше насочена и изјавата на Чаби Алонсо по натпреварот.
„Многу важна победа. Ја ценам поради целиот контекст во којшто беше постигната. Го одигравме речиси целиот натпревар со човек помалку, беше тешко и задоволен сум од тоа колку паметно игравме. Црвениот картон беше грешка, која имаше пресудно влијание врз целиот натпревар. Тоа го промени целиот наш пристап. Ваквите ситуации треба да послужат како лекција. Подобро е да се прими гол отколку да се игра цел натпревар со десетмина луѓе. Ќе разговараме за ова со Раул Асенсио, треба да се обидеме да избегнеме вакво нешто. Останатото ми се допадна“, вели Чаби Алонсо.