Реал Мадрид го претрпе првиот пораз во Ла Лига под водство на Чаби Алонсо, и тоа убедлив со 5-2 во дербито против Атлетико Мадрид. По натпреварот, тренерот на Кралевите призна дека неговиот тим не бил на потребното ниво и нагласи дека проектот што го гради е сè уште во развој.
„Одигравме лош натпревар. Не започнавме добро, ниту колективно, ниту индивидуално, и во игра со топка и без топка не бевме на висина. Сè уште сме во процес на изградба и ова е прв наш пораз, но ќе продолжиме напред. Нема оправдувања, поразот беше заслужен. Ова е дерби и боли“, изјави Чаби Алонсо.
Тој посочи дека недостатокот на интензитет и концентрација бил најголемиот проблем.
„Не се натпреварувавме на нивото што го бара ваков меч. Во дуелите бевме премногу пасивни, со топка не наоѓавме решенија, а играта не течеше. Атлетико нè притискаше, ги добиваше првите и вторите топки, а ние не успеавме да одговориме.“
Чаби Алонсо додаде дека нема забелешки на судиите и дека вината е исклучиво во играта на неговиот тим.
„Ова што се случи нема врска со судиските одлуки. Поразот беше заслужен.“