Чаби Алонсо претпазлив: Ќе има пеколна атмосфера, Келн има добар тим

Актуелниот германски првак Баер Леверкузен на свој терен го пречекува Келн во четвртфиналето од Купот на Германија. Фармацевтите се апсолутни фаворити, посебно поради фактот што денешниот ривал игра во втората лига.

Сепак, тренерот на Баер, Чаби Алонсо, потенцираше дека се работи за регионалното дерби и дека Келн има квалитетен тим кој може без проблем да игра во Бундеслигата. Дека Келн има добар тим, покажува и табелата во Цвајте, каде што е лидер и се очекува од следната сезона повторно да биде дел од елитното фудбалско друштво во Германија.

„Се подготвуваме како за секој друг натпревар. Важно е да го имаме вистинскиот менталитет на вакви дуели, особено кога се очекува атмосферата да биде вжештена. Треба да се фокусираме на мечот и да го сработиме нашиот зацртан план. Келн има тим кој според квалитетот, може да биде дел од Бундеслигата, но ние сме добро подготвени“, вели Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести