Тренерот Чаби Алонсо и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, денеска и формално ставија потписи на тригодишниот договор со кој Алонсо стана шеф на стручниот штаб на првиот тим на Кралскиот клуб.
Потоа се одржа официјалната презентација.
„Ова е многу посебен ден, ден што ќе го одбележам во мојот календар за цел живот. Многу сум среќен што сум тука. Врската со Реал Мадрид никогаш не престана да постои. Ова е почеток на нова ера. Флорентино, ти благодарам многу за довербата. Благодарност и до моето семејство, кое е она што секогаш ме поддржува. Пред да почнам да зборувам за новата ера, не сакам да ја заборавам ерата која штотуку заврши. Карло беше мој тренер, одлична личност и огромно влијание. Без неговото мајсторство, веројатно не би бил тука. Ја преземам неговата оставнина со голема чест и гордост. Се надевам дека ќе можам да ги оправдам очекувањата и да го однесам клубот на сите места каде што сите веруваме дека можеме. Имаме фантастични играчи и многу добар потенцијал. Тоа ми дава причини да дојдам тука со голема енергија и ентузијазам. Сакаме да ги направиме навивачите горди, луѓето да дојдат на стадионот за да уживаат. Убедени сме дека можеме да направиме големи работи. Ви благодарам многу“, рече Алонсо.