28.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Чаби Алонсо се враќа дома, мечот со Сосиедад е посебно емотивен за него

Дуелот на Реал Сосиедад и Реал Мадрид кој се игра попладнево од 16.15 часот во Сан Себастијан, нема да биде обичен за тренерот на гостите, Чаби Алонсо.

Тој таму не се чувствува како гостин туку како домаќин, затоа што е „дете на Реал Сосиедад“. Алонсо е роден во местото Толоса на 25 километри од Сан Себастијан. Играчката кариера ја почна во Реал Сосиедад, прво во вториот, па во првиот тим. А, и како тренер, првата работа му беше во Б тимот на Сосиедад. Неговиот татко Перико Алонсо освои две титули во Ла Лига со Реал Сосиедад.

Но, Алонсо како професионалец, ќе сака да победи неговиот сегашен клуб и да ја продолжи серијата и добрата игра во одбрана кои го карактеризираа мадридскиот тим во првите три кола од Ла Лига. Ова ќе му биде најтежок лигашки меч досега и најсериозен тест.

- Оглас -

Најнови вести