Арне Слот сè уште е тренер на Ливерпул, но сè погласни се шпекулациите дека тој наскоро може да добие отказ, иако има серија од 12 натпревари без пораз, но на шест од нив не успеа да победи, односно завршија нерешено.
Желбата на навивачите, но и на раководството на Ливерпул е новиот тренер да биде Чаби Алонсо, кој неодамна доби отказ во Реал Мадрид. Шпанецот беше желба на Црвените“ и минатото лето, но тој тогаш ја чекаше понудата на Кралевите, па сега најавува дека со задоволство би се вратил на „Енфилд роуд“.
„Синот ми се роди во Ливерпул и тој многу сака да се врати на ‘Енфилд’. Кариерата не би можел да ја замислам без Ливерпул. Луѓето ме поврзуваат со Ливерпул и јас со задоволство би се вратил таму“, рече Чаби Алонсо.
Многумина ова го толкуваат како отворена најава од тренерот дека неговата следна дестинација за него ќе биде токму Ливерпул. Чаби Алонсо веќе доби понуда од Ајнтрахт Франкфурт, која беше одбиена бидејќи ја чекаа онаа вистинската – од Ливерпул.

