Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, тешко го поднесе поразот од 0-4 против Ливерпул во Лигата на шампионите. Тој призна дека резултатот многу боли бидејќи неговиот тим не играл толку лошо, но се распаднал за 20 минути во второто полувреме.
„Во првото полувреме стоевме доста добро, но во второто не бевме толку стабилни, не успевавме да ја задржиме топката и не создававме добри позиции. Интензитетот во одбраната, исто така, опадна и не го притискавме противникот доволно. Резултатот многу боли, особено со оглед на играта. Не е изненадување да дојдеш на „Енфилд“ и да загубиш, но да паднеш со 0-4 не е пријатно. Тие се врвен тим и нѐ казнија. Тажно е што не успеавме да задржиме 0-1 барем 20 минути. Тие го направија тоа против Брајтон, а сега го повторија и против нас“, изјави Чаби Алонсо.
„Бевме подготвени да дојдеме и да го дадеме најдоброто од себе. Во голем дел од натпреварот го направивме тоа, но потоа се распаднавме за 20 минути. Ливерпул е силен тим, а нам ни недостасуваше сила и интензитет. Мора да го прифатиме поразот и да му честитаме на Ливерпул. Сакам да го заборавам овој пораз, но истовремено ми беше пријатно да се вратам на „Енфилд“. Благодарен сум за љубовта на навивачите и начинот на којшто ме примија“, додаде Алонсо.