Реал Мадрид приреди вистински спектакл на „Сантијаго Бернабеу“, победувајќи ја Барселона со 2-1. Кралевите поведоа во 22-та минута со погодок на Килијан Мбапе, а каталонците успеаја да израмнат во 38-та минута преку Фермин Лопез. Меѓутоа, Реал повторно дојде до водство во 43-та минута, кога Џуд Белингам реализираше одлична асистенција на Милитао и донесе ново водство за домаќините.
Драмата продолжи во 72-та минута, кога тренерот на Реал, Чаби Алонсо, одлучи да го замени Винисиус јуниор со Родриго. Бразилскиот ас тешко ја поднесе замената – цел пат до соблекувалната незадоволно гестикулираше и гласно го изрази својот револт кон одлуката на тренерот.
На прес-конференцијата по мечот, Алонсо ја коментираше ситуацијата.
„Не сакам да губиме фокус на она што е важно. Ќе разговараме за оваа ситуација. Во одличната игра што ја одигравме, Вини многу придонесе. Победата е важна и заслужена, дури и ако е минимална. Имавме шанси, пенал… Ова ни дава чувство дека сме конкурентни во големите натпревари“, изјави Чаби Алонсо.
Винисиус е познат по својата емотивна игра и често предизвикува драма на теренот, со противниците, а понекогаш и со навивачите. Оваа сезона, 25-годишниот Бразилец има 19 настапи, шест голови и пет асистенции.

