Чачиќ откри каде е шансата на Динамо за да го изненади Челзи

Динамо Загреб е тимот кој ќе ја отвори новата сезона во Лигата на шампиони, и тоа на „Максимир“ против Челзи. Модрите кои започнаа од второто коло во квалификации во Лигата на шампионите и го елиминираа македонскиот првак Шкупи сега ќе бидат домаќини на лондонскиот гигант.

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски треба да излезат на мегдан против големите ѕвезди на англискиот тим, а тренерот на Динамо, Анте Чачиќ, верува дека Модрите не се без шанси.

„Мислам дека е добро што е прво коло, почеток на сезона. Не е исто да се игра против Челзи сега и во декември. Мораме да направиме сè за да ги изненадиме. Мислам дека ова може да биде наша шанса. Овие мечеви се награда за освоената титула во првенството. Наша обврска е пред полниот стадион да го дадеме максимумот и да ја лимитираме силата на Челзи“, вели Чачиќ.

- Оглас -

Најнови вести