Серхио Чачо Родригес се наоѓа пред преселба во тимот на Армани Милано. Шпанецот пред два дена се раздели со европскиот првак ЦСКА Москва, со која ја освои втората континентална титула пред повеќе од еден месец, а клубот од Градот на Модата ќе му биде трет евролигашки тим за којшто ќе настапува.
Родригес има прилика повторно да соработува со стратегот Еторе Месина, беа заедно две сезони во Реал Мадрид. За искусниот плејмејкер се интересираат и Валенсија и Уникаха Малага, но се чини дека Родригес уште нема намера да се врати во родната земја.
Во дресот на Армејците, Родригес минатата сезона бележеше просек од 10,2 поени и 4,5 асистенции по натпревар. Во текот на кариерата популарниот Чачо собра искуство и во НБА бранејќи ги боите на Портланд, Сакраментно, Сан Антонио и Филаделфија.