Чакир со фантастична интервенција спречи да има неочекуван стрелец на првиот гол на ЕП (видео)

Голманот Угурчан Чакир е највиновен што на премиерниот меч на ЕП меѓу Турција и Италија по 45 минути нема голови. Мрежите на „Олимпико“ во Рим мируваат при што Аѕурите притискаат за први да го скршат мразот против засега непробојната турска одбрана.

Се играше 23-тата минута кога се изведуваше првиот прекин на мечот, а од корнерот на Италија се закани Кјелини по голот на Чакир. Наместо да биде неочекуван стрелец на првиот гол на првенството, ударот со глава на искусниот стопер беше неутрализиран од страна на чуварот на мрежата на Трабзонспор.

Италијанците во неколку наврати се бунеа поради спорни ситуации во кои бараа најстрога казна, но судијата Дани Макели засега солидно соработува со ВАР-собата.

- Оглас -

Најнови вести