Чалханоглу ги фрли во транс навивачите на Интер со фантастичното деби (видео)

Интер триумфираше со убедливи 6-0 во пријателскиот дуел против Кротоне, по брилијантното деби на Хакан Чалханоглу. Турската ѕвезда во својот прв меч во дресот на италијанскиот првак забележа три асистенции и еден погодок, со што ги фрли навивачите во транс и покажа дека ќе биде големо засилување на Нераѕурите.

Чалханоглу прво ги намести головите за 2-0 на Сартијано и Димарко, а потоа во соло продор на одличен начин ја затресе мрежата на Кротоне за 3-0 само по 27 минути игра. Хет-трикот од асистенции го оствари во 55-тата минута, кога му намести гол и на младиот Пинамонти, додека конечниот резултат го поставија Сенси и Брозовиќ до 65-тата минута.

https://streamable.com/kh3pcz

Во меѓувреме, германскиот шампион Баерн Минхен и во третиот контролен натпревар не запиша победа, откако рутински со 2-0 Менхенгладбах му нанесе ново разочарување на новиот тренер Јулијан Нагелсман.

- Оглас -

Најнови вести