Чалханоглу го „нападна“ Златан: Мајсторот за привлекување внимание не играше цела сезона

Хакан Чалханоглу без влакна на јазикот реши да се зафати со погрешниот Росонер, Златан Ибрахимовиќ. Турскиот репрезентативец го критикува однесувањето на шведскиот ветеран.

„Речиси цела сезона не играше, никаков придонес немаше што Милан го освои Скудетото. Но, тој е мајстор за привлекување внимание, на тој начин ги добива навивачите. А, сето тоа го прави на 40 години, се однесува како тинејџер. Јас на негова возраст не би се бламирал така“, истакна Чалханоглу.

Инаку, турскиот играч за врска стана цел на сеир по неговата преселба од Милан во Интер пред почетокот на изминатата сезона. Чалханоглу се приклучи на тогашниот шампион на Италија со цел да помогне да се одбрани титулата, но таа заврши кај Росонерите, а Турчинот беше прогласен за губитник на годината.

- Оглас -

Најнови вести