Чалханоглу: Ибрахимовиќ не е егоист!

Плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу, даде интересна изјава во врска со неговиот клупски колега Златан Ибрахимовиќ. Хакан за Златан има само пофални зборови.

„Тој не е нов играч за Милан. Тој е светска ѕвезда и многу искусен фудбалер. Ибрахимовиќ го помага развојот на останатите соиграчи на разни начини, со искуство, амбиција, менталитет и добра игра. Тие што се надвор од клубот, зборуваат за неговото его. Јас мислам дека тој не е себичен. Златан е многу пријателски настроен, постојано се шегува. Убаво е да се поминува време со него“, вели Чалханоглу.

Сезонава во Серија А, 38-годишниот Ибрахимовиќ одигра осум меча и даде три гола. Тој за Милан потпиша зимоска, а на „Сан Сиро“ пристигна од Лос Анџелес галакси. Сега тој е во Шведска, каде што се рехабилитира од повредата здобиена на тренинг.

- Оглас -

Најнови вести