Елиф Елмас ќе игра за Наполи, а куферите на македонскиот репрезентативец се веќе подготвени за пат кон Неапол. Се чека само да се заврши трансферот на Марко Рог, играч што не се снајде најдобро кај Наполитанците, па дури беше и позајмен во Севилја.
Хрватскиот интернационалец треба да замине за Франкфурт, а Ајнтрахт и Наполи се веќе договорени за трансфер на Рог, па остануваат само детали.
Според турските медиуми, кога ќе се заврши сè околу трансферот на Рог во Ајнтрахт, Наполи ќе плати дел од парите за Елмас на контото на Фенербахче, а вкупниот трансфер е околу 18 милиони евра заедно со бонуси.
Елмас, според инаформациите на турските медиуми, веќе има потпишано петгодишен договор со Наполи.