Чави Ернандес веќе почна со реконструкција на тимот и пред стартот на последното коло во Ла Лига, а во директен разговор им соопштил на четворица играчи дека можат да си заминат од Барселона.
Меѓу нив е и големиот талент Рики Пуџ, а очекувано зелено светло да си заминат добија и Оскар Мингеза, Самуел Умтити и Мартин Брејтвајт.
Првата солуција е квартетот фудбалери на кои Чави им соопшти дека не смета за во иднина е да бидат продадени.
Ако таа варијанта не успее ќе се активира резервниот план за позајмица во други клубови.
Од Барселона според најавите на шпанските медиуми ќе си заминат и Адама Траоре, Лук Де Јонг и Миралем Пјаниќ.
На Траоре и на Јонг им завршува договорот за позајмица и тие се враќаат во Вулверхемптон, односно во Севилја.
Пјаниќ играше како позајмен фудбалер на Барса во Бешикташ, а Каталонците сакаат да го продадат, или да договорат нова позајмица за интернациoналецот од БиХ.