Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, е убеден дека неговиот тим има сили да стигне дури и до европската титула во Лигата на шампионите. Барселона е во група со Баерн Минхен, Интер и Викторија П’лзењ, а чешкиот ривал утре ќе гостува на „Камп ноу“.
„Тоа е Лигата на шампионите и за нас е привилегија што сме дел од ова натпреварување. Мечот против Викторија П’лзењ ќе биде многу тежок за нас затоа што противникот нема што да загуби. Имаме многу тешка група, најтешка што сме добиле во последните неколку години. За нас минимум е да стигнеме до осминафиналето на ЛШ, а потоа ќе видиме. Соништата се бесплатни, па зошто да не сонуваме за освојување на трофејот? Сепак, сега треба да се фокусираме на освојување на првите три бода“, рече Чави во пресрет на првото коло.